Мартин Томовски бранеше во извонредна форма во дресот на Битигхајм и е меѓу најзаслужните што овој тим обезбеди влез во елитното германско ракометно друштво.
Затоа, сосема очекувано и апсолутно заслужено – Томовски беше избран за голман на сезоната во втората Бундес-лига и предводник на идеалниот тим во ова натпреварување за 2026/27.
Останува да се види дали Македонецот ќе остане на голот на Битигхајм и во следната сезона или ќе прифати некоја од неколкуте понуди што ги доби во меѓувреме, од клубови со повисоки амбиции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
