Томовски: Нашата желба е јасна, нов куп-трофеј во витрините на Вардар

Мартин Томовски имаше уште еден одличен меч на голот на Вардар, откако македонскиот репрезентативец со десет успешни интервенции даде значаен придонес во победата над Еурофарм Пелистер 2 и пласманот во финалето од Купот на Македонија.

Вардар ја имаше улогата на голем фаворит, потешко од очекувањата стигна до победата, но според Томовски најважно од се е што е забележан триумф за пласман во големото финале.

„Дефинитивно дека фаворитската улога тежи, но ние одговоривме на предизвикот и успеавме да славиме. Среќни сме, посакувавме финале и го остваривме тоа. Го чекаме ривалот во финалето, дали тоа ќе биде Еурофарм Пелистер или Бутел, но нашата желба е јасна – да се закитиме со трофејот во Купот на Македонија. Остануваме фокусирани и на ова натпреварување како и на плејофот, каде ни преостануваат уште две кола во трката за титулата. Честитки до ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 за фер и коректниот натпревар“, истакна Томовски.

Во вториот полуфинален меч во Кавадарци во 20 часот ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел.

Се вчитува...