Екипата на Битигхајм за која брани голманот на македонската ракометна репрезентација, Мартин Томовски, го доживеа вториот пораз во германската Бундеслига. Во меч од третото коло во Бундеслигата, Битигхајм пред своите гледачи е поразен од Лемго со 29:36.
Томовски на голот на Битигхајм беше 55 минути, но не беше на нивото од претходните два меча во Бундеслигата кога имаше двоцифрен број на одбрани, овој пат имаше седум одбранети шутеви.
Најрасположен за игра во домашниот тим беше Норбринк со шест гола, додека во редовите на победникот Лемго, најдобар беше Верстајнен.
По три кола во Бундеслигата, Битигхајм има една победа и два порази, додека Лемго има две победи и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
