Томовски повторно беше одличен, но Битигхајм не успеа да го изненади Кил

Голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски продолжува со одличните настапи во германската Бундеслига, но неговата добра партија овојпат не беше доволна за Битигхајм да дојде до позитивен резултат.

Во натпреварот од второто коло, Битигхајм на домашен терен го пречека Кил, но гостите на крајот славеа со 36-28.

И покрај поразот, Томовски може да биде задоволен од својата партија. Тој натпреварот го заврши со 13 одбрани и по две одиграни кола има вкупно 28 интервенции.

Со тој учинок, македонскиот голман моментално е лидер во Бундеслигата според бројот на одбрани. Зад него е голманот на Кил, Волф, кој има 24 интервенции, а потоа следуваат Давид Шпет со 23, Криштоф Паласиц со 21 и Симон Гаде со 19.

Битигхајм, пак, по убедливата победа на стартот на сезоната против Вецлар, сега го претрпе првиот пораз во најсилната германска конкуренција.

Се вчитува...