Томовски повторно одличен, но не можеше сам против Кил

Македонскиот голман, Мартин Томовски продолжува со неверојатните партии во дресот на неговиот Потсдам во Бундеслигата.

Нашиот репрезентативен голман беше прво име на својот тим во поразот на домашен терен од гигантот Кил со 22-25.

Томовски натпреварот го заврши со 13 одбрани и со тоа беше најдобар играч на теренот кај домаќините. Кај Кил Емил Мадсен посигна седум гола.

Се вчитува...