Еден од најдобрите македонски голмани Мартин Томовски продолжува со неверојатните партии во Втората германска лига. Тој беше главен виновник за победата на неговиот Битигхајм во последното коло против Крефелд со убедливи 32-19.
Томовски буквално ја „спушти ролетната“ на својот гол и натпреварот го заврши со 20 одбрани со процент од 51 отсто одбранети удари на победникот.
Овој одличен меч му донесе повторно место во најдобриот тим на колото во германската втора лига.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

