Томовски продолжува со ѕверските партии во Германија – 20 одбрани за нова победа на Битигхајм

Еден од најдобрите македонски голмани Мартин Томовски продолжува со неверојатните партии во Втората германска лига. Тој денеска беше главен виновник за победата на неговиот Битигхајм против Крефелд со убедливи 32-19 во 11. коло од новата сезона во второто по ранг германско натпреварување.

Томовски буквално ја „спушти ролетната“ на својот гол и натпреварот го заврши со 20 одбрани со процент од 51 отсто одбранети удари на победникот.

Битигхајм е втор на табелата со 18 бодови, а следниот натпревар го игра на домашен терен против Гросшвалтат.

Се вчитува...