Томовски се прости со Потсдам: Ова беше посебен период во мојот живот

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски иако имаше неверојатна сезона во бундеслигашот Потсдам, не му помогна да обезбеди опстанок во германската елита.

Тој го напушти овој клуб на крајот на сезоната, а со клубот се прости на емотивен начин.

„Навистина уживав во Потсдам, иако ми беше потребно време да се навикнам. Запознав одлични луѓе и професионалци. Ова беше посебен период во мојот живот“, кажа Томовски.

Се вчитува...