Ракометната репрезентација на Македонија го задржува континуитетот и е една од ретките со редовен настап на сите европски и светски првенства од 2012 година откако „црвено-жолтите“ со импресивна победа над Литванија стигнаа до второто место во групата кое значи и билет за ЕП 2026. За пласман на ЕП ни беше довона победа од најмалку два гола, но ракометарите одиграа импресивно, пред се во второто полувреме во кое целосно го скршија отпорот на гостите и славеа со убедливи 26-17.
Феноменален на нашиот гол беше Мартин Томовски кој натпреварот го заврши со 11 интервенции.
„Среќен сум што ја остваривме целта да се пласираме на големо натпреварување. Чест ми е и задоволство да го носам дресот на Македонија и така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на соиграчите за одличниот натпревар и што заедно успеавме да стигнеме до оваа победа. Ние сме тим и најважно е што ќе одиме на Европско првенство. Најважно е да останеме здрави до Европското првенство, а за него ќе размислуваме во иднина денеска да прославиме за овој триумф“, изјави Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА