Мартин Томовски ќе биде главен адут на неговиот нов клуб Битигхајм во обид експресно да се врати во елитното германско ракометно друштво. Доказ за тоа е и денешниот меч од првото коло од втората Бундес-лига во кој Битигхајм како гостин го совлада Елбфлоренц со 24-28, меч во кој блескаше токму македонскиот голман.
Томовски имаше меч за паметење во кој собра дури 20 интервенции, бранејќи и три пенали на домашните ракометари, дел од нив во клучните моменти кога Битигхајм ја креираше клучната предност на патот до победата.
Томовски блескаше во дресот на новиот клуб и во текот на подготовките, а со одличното издание во првото коло само потврди дека се наоѓа во извонредна форма на неколку месеци до стартот на ЕП 2026 што нашата национална селекција ќе го игра во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

