Томовски, Токиќ и Дибиров во Топ листите на СЕХА (ВИДЕО)

Голови на Анте Токиќ од Металург и на Тимур Дибиров од Вардар се одбрани меѓу петте најатрактивни погодоци за месец октормври во СЕХА лигата.

На листата е и погодокот на Халил Јагањац во неговиот последен настап во дресот на Металург на мечот против Татран Прешов.

Меѓу најатрактивните пет гола уште се и погодоците на Симон Разгор (Мешков Брест) и на Тин Контрец (ППД Загреб).

Голманот на Металург, Мартин Томовски, пак доби место на Топ листата на најдобрите одбрани во натпреварите од СЕХА во изминатиот месец. Во Топ 5 е двојната одбрана на Томовски на мечот против ППД Загреб.

На голамнската листа за октомври се најдоа уште и Игор Чуприна (Татран Прешов), Јосип Квесиќ (Извиѓач), Бојан Перовиќ (Војводина) и Михаило Радовановиќ (Нексе).

Се вчитува...