Томпсон ќе паузира две години?

Клеј Томпсон би можел да се врати на терените во 2021 година, пренесуваат американските медиуми. Лекарите на бекот на Голден Стејт Вориорс му предложиле да земе пауза од две години поради тешката повреда на предниот вкрстен лигамент.

Опоравувањето од повреда на коленото најчесто трае од девет до дванаесет месеци, меѓутоа многу спортисти знаат да бидат нетрпеливи, да се вратат порано и повторно да се повредат. Поради таа причина докторите на Томпсон му сугерираа да го продолжи опоравувањето цела сезона и на кошарката да и се врати на почетокот на 2021/2022.

Се вчитува...