Уште еден повреден стартер во Голден Стејт

Настапот на Клеј Томпсон на третиот натпревар од финалната серија од НБА лигата е под знак прашалник поради повредата која ја забележа на вториот меч.

Томпсон на почетокот на последната четвртина од мечот со Торонто незгодно доскокна, поради што мораше да замине во соблекувалната. По деталните прегледи утврдено е дека ја има истегнато тетивата на коленото.

„Вориорси“ ја потврдија информацијата, како и таа дека Кевон Луни дефинитивно ќе биде вон конкуренција за третиот натпревар.

 

Се вчитува...