Томпсон од Хјустон доби 208 милиони долари

Двократниот НБА шампион, Хјустон рокетс и бекот Амен Топсон се договорија да соработуваат и во наредните пет години, а кошаркарот за тој период ќе инкасира 208 милиони долари.

Томпсон во НБА лигата влезе во 2023 година како четврти избор на драфтот, а минатата сезона му беше најдобра во досегашната кариера. Тој просечно постигнуваше 18.3 поени, имаше 7.8 скокови, 5.3 асистенции и 1.5 украдени топки по натпревар.

 

 

Хјустон минатата сезона испадна во првото коло од плеј-офот и тоа од ЛА Лејкерс (1-4), а Томпсон во плеј-оф серијата имаше просек од 19.9 поени, 7 скокови и 5.5 асистенции.

 

Се вчитува...