Доминик Ливаковиќ изминатото лето се пресели во шпанскиот прволигаш Џирона како позајмен играч од Фенербахче со амбиција да биде прв избор на голманската позиција, но ситуацијата на хрватскиот репрезентативец воопшто не е таа на која тој се надеваше.
Хрватот не добива минутажа и покрај дискутабилните настапи на неговиот „ривал“ Пол Газанига па поради нетрпение е подготвен и да замине од шпанскиот клуб веќе во јануарскиот преоден рок со нова цел – да биде подготвен за настапите за Хрватска на Светското првенство.
Проблемот се јавува и во тоа што вакво сценарио лесно би го оставило без клуб до крајот на сезоната со оглед на тоа што нема право на настап за трет тим според правилата на УЕФА.
Ливаковиќ забележа два настапи за Фенербахче пред преселбата во Џирона, а евентуално деби за шпанскиот клуб би го „заковало“ на клупата до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

