Тони Крос во „аут“ неколку недели, неизвесен за реваншот со ПСЖ

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос, ќе паузира во следните неколку недели поради истегнување на лигаментите на левото колено. Германецот се здоби со повредата за време на првиот осминафинален дуел со ПСЖ во Лигата на шампиони, па сега главна цел на медицинскиот тим е да го вратат во полн погон пред реваншот во Париз.

Крос и покрај повредата го одржа својот просек од 13 истрчани километри на теренот во средата, но веднаш по завршувањето на мечот се пожали на болки во коленото.

Матео Ковачиќ најверојатно ќе ја преземе улогата на Крос за следните неколку меча, Реал веќе во недела гостува кај расположените Бетис во рамките од 24. коло во шпанската Примера.

Се вчитува...