Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос им порачал на раководните лица во Реал Мадрид, дека на крајот на следната сезона ќе донесе одлука дали ќе го продолжи договорот со актуелниот европски шампион.
Раководството на Реал веќе со месеци се обидува да го продолжи Германецот, а дел од шпанските медиуми пренесуваат дека е можно тој по крајот на следната сезона да замине во пензија.
„Крос му кажал на раководството на Реал Мадрид дека му е потребно време да размисли и дека дури во летото 2023 година ќе ја донесе конечната одлука. Тој не размислува да премине во друг клуб, туку размислува за ставање крај на кариерата“, стои во дел од медиумит во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА