Тони Симиќ е пред отказ во Работнички?!

Вечерашниот срам на Работнички и поразот на домашен терен од вториот тим на МЗТ Скопје најверојатно ќе му пресуди на Тони Симиќ, по најавите дека овој стручњак ќе заработи отказ и нема да го дочека почетокот на новата година на чело на „центарци“.

Самиот избор на Симиќ за нов тренер беше големо изненадување, со оглед на никаквото прволигашко искуство на овој стручњак (лани ја водеше екипата на Каменица, со солиден буџет, но без позабележителен резултат). Оправдувањето беше ограничениот буџет, осцилациите во формата беа нешто очекувано со оглед на изгледот на ростерот, но повеќе од јасно е дека управата од Симиќ очекува сигурни победи барем на овие „лесни“ дуели со ривали од дното на табелата.

За наредните денови е закажан состанок на челниците на клубот на кој ќе биде дискутирано за плановите околу иднината, но речиси сигурно е дека Симиќ на овој состанок ќе добие отказ од тренерската функција.

Останува да се види дали „центарци“ за вториот дел од сезоната ќе добијат и поголем буџет, со што би инвестирале во нови засилувања и во посериозно тренерско име, или пак како и во многу бројни ситуации претходно ќе се тргне на алибито „подмладување и чистење на старите долгови“.

Се вчитува...