„Топ дружина“ влегува во „Куќата на славните“: Шекил, Кукоч, Ивковиќ…

Врвниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ ги предводи легендите на овој спорт кои годинава ќе станат дел од „Куќата на славните“. ФИБА денеска ги објави имињата на новите членови на „Куќата на славни“, каде покрај Ивковиќ ќе се најдат и Тони Кукоч, Разија Мујановиќ, Перо Камерун, Мики Беркович, Валдис Валтерс и Шекил О’Нил.

Воедно, ФИБА во ова одбрано друштво го вклучи и целокупниот „прв дрим-тим“ на САД, по повод 25-годишнината од настапот на ОИ во Барселона.

Комисијата ги избра овие кошаркарски асови во конкуренција на 150 кандидати, а церемонијата за нивни официјален влез во „Куќата на славните“ е закажана за 30 септември.

Се вчитува...