Топ моменти од ЛШ: Рекордерот Лазаров, „октоподот“ Штербик, Македа (видео)

Се ближи почетокот на следната сезона во Лигата на шампионите, а ЕХФ во најава за новите возбудувања објави интересно видео од најинтересните 30 моменти од ланските натпревари.

Меѓу нив се наоѓа и македонскиот ас Кире Лазаров, кој во мај во Келн стана најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите од Лигата на шампионите.

Во ревијата на прекрасни погодоци и одбрани се најде место и за двајца „вардарци“, Македа со голот за големата победа во Кил, како и Арпад Штербик со одбраната со која спречи пораз на „црвено-црните“ на гостувањето против Рајн-Некар Левен.

Се вчитува...