Топ-трансфери во Европа се заминувањата од Вардар: Штербик и Циндриќ, пред сите останати

Моќниот проект на Вардар стивна, клучните играчи си заминаа, па неслучајно нивните трансфери се вбројуваат како најзвучни во ракометна Европа за ова лето.

ЕХФ во пресрет на новата сезона објави ранг-листа од Топ 10 трансфери во ЛШ, а на чело апсолутно заслужено се наоѓа Арпад Штербик, извонредниот голман кој лани го искачи Вардар на тронот на Европа, а сега ќе се обиде истото да го стори и со Веспрем.

И второто место е резервирано за поранешен „вардарец“. Овојпат станува збор за Лука Циндриќ, одличниот бек кој својата кариера ја продолжува кај Алекс Душебајев во Кјелце.

Зад двајцата поранешни „црвено-црни“ се наоѓаат Фабрегас со преселбата од Монпелје во Барселона, Ду Риц со трансферот од Рајн-Некар Леевен во ПСЖ, потоа Квентин Мае, кој од Фленсбуг пристигна во Веспрем. Шестата позиција е резервирана за враќањето на Бобмач во Пик Сегед, а седморангиран е трансферот на Виран Морос од Барселона во таборот на ПСЖ. Топ-10 листата ја комплетираа Штефан Фет, кој ќе игра крај Талески во Рајн-Некар Левен, потоа норвешкиот голман Бергеруд со преселбата во Фленсбург и заминувањето од Фленсбург на легендарниот Могенсен, кој кариерата ја продолжува во Скјерн.

Се вчитува...