„Топчиите“ распукаа по Кристал Палас, Марсијал донесе триумф за Јунајтед

Арсенал е силен напаѓачки и без Алексис Санчез. „Топчиите“ го декласираа Кристал Палас со 4-1, а фуриозно на стартот постигнаа четири гола. Монреал ја отвори серијата, Ивоби зголеми на 2-0, Кошиелни веднаш го постигна и третиот гол, а во 22.минута веќе беше 4-0, со голот на Александре Лаказет. Миливојевиќ во вториот дел постигна почесен гол за Кристал Палас.

Манчестер јунајтед освои три бода на гостувањето кај Барнли, славејќи со минимални 0-1. Антони Марсијал во 55.минута беше стрелец на победничкиот погодок за „црвените ѓаволи“ на овој меч.

Џејми Варди од пенал и Ријад Махрез во самата завршница беа стрелци за Лестер во триумфот од 2-0 над Ватфорд.

Резултати Англија: Арсенал – Кристал Палас 4-1, Барнли – Манчестер јунајтед 0-1, Евертон – ВБА 1-1, Лестер – Ватфорд 2-0, Стоук – Хадерсфилд 2-0, Вест Хем – Бурнемаут 1-1.

Се вчитува...