„Топчиите“ распукаа по Свонси

Арсенал оствари убедлива победа на гости против Свонси (0-4) и се искачи на третото место на табелата во Премиер – лигата, со 44 освоени бода. „Топчиите“ одиграа одличен меч, а серијата голови ја отвори Оливие Жиру. Потоа и домашните фудбалери беа несмасни, па си постигнаа два автогола, а на крајот и Алексис Санчез се запиша меѓу стрелците.

All Goals & highlights HD – Swansea City FC 0-4… by Live1Goals

Вест Хем стигна до значајна победа над Кристал Палас, триумфирајќи со 3-0. Фегули, Керол и Ланзини беа стрелци на головите за тимот на Славен Билиќ.

Резултати Англија: Барнли – Саутемптон 1-0, Хал сити – Бурнемаут 3-1, Сандерленд – Стоук 1-3, Свонси – Арсенал 0-4, Ватфорд – Мидлсборо 0-0, Вест Хем – Кристал Палас 3-0.

Се вчитува...