„Топчиите“ распукаа по Вест хем

Арсенал го совлада Вест Хем со убедливи 4-1 иако менаџерот Арсен Венгер успеа да сочува дел од фудбалерите. Поради повреди не настапија Месут Озил и голманот Петр Чех, но и оние кои добија шанса ја искористија на одличен начин.

Сите голови дојдоа во второто полувреме. Монреал го отвори резултатот, возврати Арнаутовиќ за 1-1, но Рамзи и Лаказет со два гола, донесоа на крајот убедлива победа за Арсенал.

Се вчитува...