„Топчиите“ за 25 минути го решија Челси…. (ВИДЕО)

Арсенал запиша голема победа во дерби пресметка против Челси од 23. коло во Премиерлигата, славејќи пред своите навивачи со 2-0.

„Топчиите“ целокупната задача на мечот ја завршија за период од само 25 минути кога беа постигнати двата погодоци. Најпрво, во 14. минута Лаказет донесе предност од 1-0 а потоа во 39. минута Кошчелни заокружи на 2-0…


Игрите „топло-ладно“ на Арсенал продолжуваа. Па, по претходниот пораз од Вест Хем сега доаѓа голема победа против Челси со која „топчиите“ се на само три бода од лондонскиот ривал.

Се вчитува...