Торес го најде клучот за „бункерот“ на Алавес

Атлетико Мадрид ја забележа и четвртата победа во низа во рамките од Примера дивизион, триумфирајќи со минимални 1-0 на дуелот против Алавес.

„Јорганџиите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, за на крајот „клучот“ за бункерот на Атлетико да го најде Фернандо Торес. Искусниот голгетер влезе во игра во 69. минута, а само пет минути подоцна се најде на вистинското место по одличниот центаршут на Врсаљко и го матираше голманот на Алавес.

Атлетико Мадрид со овој триумф се искачи на второто место, користејќи го „киксот“ на Валенсија на гостувањето против Еибар.

Се вчитува...