Торес излезе од болница: Не се сеќавам на ништо пред падот

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, е отпуштен од болницата Модел во Ла Коруња каде синоќа итно беше пренесен по страшниот судир со противничкиот фудбалер Алекс Бергантињос и падот на глава на мечот од Примера. Здравствената состојба на Торес сега е стабилна, тој се чувствува добро, иако не се сеќава на ништо пред фамозниот пад.

„Се чувствувам добро, благодарност до сите за поддршката и пораките. Нема веќе причини за загриженост, добив дозвола да заминам дома и верувам дека многу брзо ќе се вратам на тренинзите. Не се сеќавам на моментите пред падот, но сега сакам да се посветам на иднината, на моето семејство и на фудбалската кариера, и овој настан да остане зад мене“, изјави Фернандо Торес.

Тој ја напушти болницата во Ла Коруња и се упати во семејната куќа на неговата сопруга во Компостела, а потоа ќе продолжи и кон Мадрид, каде сепак одреден период ќе биде под надзор на лекари.

Се вчитува...