Торес нема тешки повреди на главата, но ноќта ќе ја мине во болница

Натпреварот меѓу Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид (1-1) го обележа страшната повреда на Фернандо Торес, кој падна непријатно на глава и во прв момент остана без свест, по што итно беше префрлен во болница. Сепак, вестите кои доаѓаат од клиничкиот центар се позитивни, со оглед дека деталните медицински прегледи покажале дека напаѓачот на Атлетико Мадрид нема посериозни повреди на черепот, ниту оштетувања на мозокот.

Веќе е свесен и контактирал со лекарскиот тим, но неговата состојба ќе се следи и во текот на ноќта, а тој ќе остане во болница.

Во меѓувреме, преку социјалните мрежи популарниот Ел Нињо доби огромен број на пораки на поддршка, со надеж дека многу брзо неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе се врати на фудбалските терени.

Се вчитува...