Торес се огласи, светот здивна: Добро сум, благодарам на сите за грижата и поддршката!

Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес беше на работ на смртта по вчерашниот жесток судир со фудбалер на Депортиво во првенствениот натпревар од Примера.

Во ремито на Депортиво и Атлетико (1-1), Торес остана непокретно да лежи на трева по еден воздушен судир. Изгледаше застрашувачки додека му се укажуваше прва помош. Веднаш по пренесувањето во болница, сепак, првите информации ја израдуваа светската фудбалска јавност.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне истакна синоќа дека Торес е при свест и дека ќе биде добро, а утрово се огласи и самиот Торес кој и натаму е во шок, но им се заблагодари на сите за огромната поддршка…

„Им благодарам на сите кои се грижеа за мене, и за бројни пораки со поддршка. Бев малку уплашен, но се надевам дека брзо ќе се вратам со животот во полна форма“ – порача Фернандо Торес.

Се вчитува...