Торино му ја довери клупата на Џампаоло

Италијанскиот калчолигаш Торино одлучи да направи промена на тренерската позиција. По завршувањето на сезоната во Серија А, раководството на „биковите“ го ангажира Марко Џампаоло, поранешниот стратег на Милан, за нов шеф на стручниот штаб на Торино. Тој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на соработката и за уште една дополнителна година доколку ги исполни целите на клубот.

Торино немаше успешна сезона во Серија А, заврши дури на 16.место.

Се вчитува...