Торнто покажа дека и без Каваи Ленард има шапионски потенцијал, ги совлада Лоа Анџелес Лејкерс во нивната „Стејплс Арена“ со 104-113 и им го прекина победничкиот низ од седум последовни успеси. Тимот од Лос Анџелес и натаму е лидер на Западот со биланс 7-2. Торонто со ист скор 7-2 е второпласиран во Источната конференција.
„Лејкерс“ беа константно во предност се до завршниот дел од третата четвртина кога „репторс“ ја анулираа негативат и во завршните 10 минути екипите влегоа со идентични 78-78. Сјакам и Ванвлит беше доминатни во последниот сегмет, Џејмс беше незабележителтен во овој период, па Торонто ја однесе победата во дербито.
Паскал Сијакам натпреварот го заврши со 24 поени и 11 скока. Фред Ванвлит имаше поен помалку. Кај домашниот тим, Ентони Дејвис беше нјазбележителен со 27 поени. Леброн Џејмс имаше нов трипл-дабл од 13 поени, 13 скока и 15 асистенции.
Во неверојатно неизвесен меч, Денвер по продолженија ја победи Минесота со 100-98, а херој на тимот од Колорадо, повторно беше Никола Јокиќ. На 2,4 секунди пред крајот, српскиот репрезентативец, од исклучително тешка ситуација, преку раката на Карл Ентони Таунс, постигна поени и му ја донесе на тимот четвртата последовна победа со која „нагетс“ се пробија на втората позиција на табелата во Западната конференција. Јокиќ мечот го заврши со 20 поени и беше прв стрелец во неговиот тим.
Nikola Jokić: The ultimate closer!!#MileHighBasketball pic.twitter.com/nJfF9M8PB2
— Denver Nuggets (@nuggets) November 10, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА