Торонто ќе игра историско финале против Голден Стејт

Торонто е тимот што ќе го предизвика шампионот Голден Стејт во големото финале од НБА-лигата откако „рептилите“ славеа во „источното финале“ против Милвоки со 4-2, за прва конференциска круна во историјата на овој клуб. Откако на минатиот меч направија брејк во Милвоки, кошаркарите на Торонто беа решени да не ја пропуштат историската шанса, славеа со 100-94, за прво НБА-финале во Канада.

Милвоки тргна фуриозно и ја доби првата четвртина со 18-31, а гостите на полувреме водеа со седум поени (43-50). Сепак, Торонто одига најдобро кога беше најважно, направи пресврт и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Каваи Ленард беше извонреден со 27 поени, 17 скокови и 7 асистенции, Сиакам додаде 18, а Лаури 17 поени за победничкиот тим. Во таборот на Милвоки најефикасен беше Адетокумбо со 21 поен и 11 скокови.

Се вчитува...