Торонто на чекор до финале во НБА лигата

Торонто поведе со 3-2 во финалната серија во Источната конференција, откако го совлада Милвоки нагости со 99-105. Рептрорс на двапати успеваа да се вратат од двоцифрена негатива, а клучна беше последната четвртина во која успеаја да ја сопрат првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетукомбо.

Кавај Ленард беше најдобар во победничкиот табор со 35 поени, надополнети со 7 скока и 9 асистенции, Кајл Лаури додаде 17, а Паскал Сиакам 14. Кај Милвоки Адетокумбо уфрли 24, а Бледсо 20 поени.

Торонто може да ја реши работата веќе на шестиот натпревар од серијата, кој на програмата е во сабота во 2:30 часот, по полноќ.

Се вчитува...