Торонто не го предава Истокот, израмни на 2-2 (ВИДЕО)

Торното израмни на 2-2 во победи во финалната серија од Источната конференција во НБА лигата со Милвоки добивајќи го натпреварот број четири. Кандскиот тим славеше на втОриот натпревар во Онтарио со 120-102 и има еднАква позиција со противникот пред преселбата на серијата во Висконсин за петтиот натпревар.

Следните дуели ќе се играат наизменично, а Милвоки ја има предноста на домашен терен. Освојувачот на титулата на Исток во финалето на Лигата ќе се сретне со бранителот на титулата, Голден Стејт кој веќе обезбеди место во битката за трофејот елиминирајќи го Портланд со 4-0.

Милвоки имаше водство само на почетокот од дуелот, потоа компелтната контрола ја презеде Торонто. Со серија од 13-0 од крајот на првата и почетокот на втората четвртона, Торнто дојде до двоцифрена предност која потоа Милвоки не успеа да ја достигне.

Кајл Лури со 25 поени го водеше Торонто до успехот, Норман Пауел постигна 18, а Каваи Ленард, Марк Гасол и Серж Ибака по 17 поени. Крис Мидлтон со 30 поени беше прв стрелец кај Милвоки, Јанис Адетокумбо постигна 25.

Се вчитува...