Торонто нема решение за Адетокумбо, Милвоки води со 2-0

Миловоки поведе со 2-0 во финаланта серија од Источната конференција во НБА лигата против Торонто откако го доби и вториот натпревар на домашен терен. Славеше со 125-103. Торонто шансата за прва победа во источното финале ќе ја бара во Канда каде што ќе сели серијата за следите два дуела. Третиот натпревар е в понеделник.

Јанис Адетокумбо за разлика од првиот натпревар, одигра на вообичаената форма, постигна 30 поени, имаше и 17 скока и беше лидер во натпреварот во кој Милвоки рано дојде до опиплива предност и постојано го контролираше резутатот. Торонто беше најконкурентен во третата четвртина, но беше далеку од можност за поволен исход. Каваи Ленард со 30 поени беше прв стрелец во гостинскиот тим.

Милвоки последен пат играше во финалето на Лигата во 1973/74 и беше поразн од Бостон со 4-3, додека за Торонто ова е само второ конференциско финале во историјата. Во сезоната 2015/16 загуби од Кливленд со 4-2.

22. ;

Се вчитува...