Торонто сака да го бојкотира првиот натпревар против Бостон

Кошаркарите на актуелниот НБА шампион, Торонто Репторс одржале состанок на кој дискутирале за евентуална реакција на полициското насилство во Висконсин, а една од опциите била бојкот на првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција против Бостон Селтикс.

„Знаевме дека нашето доаѓање тука нема да сопре било што, но мислам дека неиграњето би направило дополнителен притисок. Зар не би било убаво кога сите би рекле не играме, вклучувајќи го и сопственикот на Милвоки Бакс? Ако тој истапи и го притисне државниот обвинител, гувернерот и политичарите да направат промена и спроведат правда“, изјави Фред ван Флит.

За потсетување во Висконзин од страна на полицаец брутално беше застрелан Афроамериканецот Џејсон Блејк.

Се вчитува...