Торонто – тимот на (не)ѕвезди на чекор до НБА титула

Изборот на НБА драфтот и позицијата преку која сте влегле во лигата дефинитивно не мора да ви биде одредница во кариерата во најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Конкретен доказ за ова се кошаркарите на финалистот Торонто. Кандскиот тим води со 3-1 во финалната серија против актуелниот првак, Голден Стејт. Само една победа го дели од титулата, а во составот нема ниту еден играч кој на драфтот бил лотариски пик.

Нема ниту еден кошаркар кој бил распореден на првите 14 позиции за драфтот. Највисок избор е Каваи Ленард кој беше 15. пик кога го драфтуваше Индијана, но веднаш беше испратен во Сан Антонио. Кајл Лаури и Серж Ибака беа избор број 24, Сиакам 27-ми, а Марк Гасол беше дури 48-ми пик на драфтот и тоа најмногу поради славниот брат Пау кој веќе беше во лигата.

Се вчитува...