„Торцида“ во еуфорија: Перишиќ наскоро во Хајдук Сплит

Зад хрватската фудбалска репрезентација е уште еден огромен успех откако „коцкестите“ Светското првенство во Катар го завршија на третото место освојувајќи го бронзениот медал.

Репрезентативците вчера бурно прославија во Загреб, а денеска славеа и со навивачите во останатите градови во Хрватска. Во Сплит се најде Иван Перишиќ кој дополнително ја зголеми еуфоријата кај навивачите на Хајдук ветувајќи дека наскоро ќе го облече сениорскиот дрес на тимот од Сплит.

„Ви благодарам на неверојатната поддршка. Пред четири и пол години ветив некои работи, но не кажав кога. Ќе биде наскоро. Нема да чекате уште четири години тоа е сигурно. Имам уште малку работа на запад“, порача 33-годишникот.

Сплитјанецот од 2000 до 2006 година настапуваше за младинскиот тим на Хајдук Сплит, но сениорската кариера го одведе прво во Франција, а потоа во Белгија, Германија, Италија и сега Англија.

Се вчитува...