Кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва од 19 часот во салата во Градски Парк во Скопје го играат вториот натпревар од финалната серија во АБА2 лигата против Широки брег.
ТФТ Скопје е најдобриот македонски репрезент на меѓународната сцена оваа сезона, постигнувајќи извонреден успех со доаѓањето на чекор од влез во АБА 1 лигата, па во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски, се осврна токму и на „феноменот“ – ТФТ Скопје, клубот воден од Боро Смилковски кој без ничија помош е најдоброто од македонската кошарка.
Тоше Гечевски вели дека е за восхит тоа што го прави Боро Смилковски и ТФТ кои во моментов се најдоброто од Македонија.
„Моментално, најдоброто од македонската кошарка е ТФТ Скопје. Тоа што сега го прави овој клуб е за секоја чест. Боро Смилковски само со свои ангажмани, со свои идеи, со своја работа прави реално над можностите на македонската кошарка во моментов. Навистина вистински професионалец, кој е максимално ангажиран. Затоа што на крај само работата е важна. И, тоа е што е највосхитувачки, е што тој нема помош од општина, тој мора се сам!“ – вели Тоше Гечевски во „ПРЕСИНГ“.
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ТОДОР ГЕЧЕВСКИ И ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….
==================================================
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
