Тотален хаос во ПСЖ: Ал Келаифи ќе ги тепал судиите, меѓусебен судир на Нејмар и Донарума во соблекувалната

Тотален хаос демонстриран од членовите на францускиот шампион синоќа по елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Сопственикот на ПСЖ, Ал Келаифи лутината поради елиминацијата на неговиот клуб ја насочил кон судиите, па веднаш по крајот на натпреварот бесен викал и удирал се што има пред него барајќи ја соблекувалната на судијата Дани Макели. Ал Келаифи, како што информираат шпанските медиуми, се втурнал и во канцеларијата на делегатот, низ една крајно непријатна ситуација.

Во моментите кога вработен на Реал Мадрид го снимал со својот телефон сето тоа што се случува, Ал Келаифи му се обратил со зборовите: „Ќе те убијам“, продолжувајќи да лудува во подтрибинскиот простор.

Ова не е првпат Ал Келаифи да се впушта во инцидент од овој тим. Слично се случи и на првиот меч во Париз кога правеше притисок на судијата Орсато. Инцидент имаше и во 2019 година кога ПСЖ играше со Манчестер јунајтед.

А, нималку мирно синоќа не било и во соблекувалната на ПСЖ каде дошло до тежок вербален судир меѓу Бразилецот Нејмар и голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума.

Бразилецот сметал дека Донарума е директен виновник за пресвртот кој го направија домашните, затоа што направи глупава грешка при првиот гол на Реал. на сето тоа не промалчал Италијанецот па само соиграчите спречиле и физичка пресметка меѓу нив двајцата.

Се вчитува...