Тотална доминација: Баскет Кам е старо-нов шампион на Македонија за тројна круна сезонава!

Екипата на Басскет кам 2011 е старо-нов шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, откако вечерва, во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, уште еднаш беа подобри од Вардар.

По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа и „Под Кале“, овој пат со 74-77, за макасимални (3-0) во серијата која го даде новиот шампион на Македонија.

На тој начин, Баскет кам 2011 стигна до еден историски подвиг кога станува збор за македонската женска кошарка. Како прва екипа на која и пошло до рака да ги обедини трите круни.

Покрај онаа во Супер-купот, потоа и во Купот на Македонија, стигна и шампионската, највредната. Трета за клубот од Македонска Каменица во последните четири години, со што ја потврди доминација во женскиот сегмент на нашата кошарка.

На денешниот дуел Кметовска запиша 23 поени дополнети и со 12 скока, одлично издание имаше и Зубац, која постигна 24 поени, додека капитенот Поп Димитровска, освен добрата игра во одбраната, помогна со 12 поени во нападот.

На спротивната страна, своето одлично второ полувреме Димитријевиќ го заокружи со 20 реализации, плус шест скока и пет асистенции. По 1. поени за Вардар постигнаа и Зафировска односно Матие, додека пред да ја направи петтата лична грешка, Наков запиша десет поени.

Цветанка Димова е најкорисниот играч на финалната серија

Имаше навистина одлични изданија во текот на трите натпревари во оваа финална серија на плеј-фот во женска конкуренција. И сосема заслужено, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот во кое сериозно му помогна на својот тим, Баскет кам 2011 да ја одбрани шампионската титула.

Посебно доминантни беа нејзините изданија на првите два меча од финалето, кога практично го одбрани домашниот терен. А играта на ново-стариот шампион не може(ше) да се замисли без нејзиното присуство на теренот и на третиот, и решавачки меч во серијата.

Се вчитува...