Тотенхем без мерка: Седум „парчиња“ во мрежата на Транмере во ФА купот

Тотенхем на повеќе од убедлив начин ги продолжува натпреварите во ФА купот на Англија откако во третата рунда натпревари славеше убедливо со 0-7 на гостувањето против нисколигашот Транмере.

Од седумте погодоци дури шест беа постигнати во второто полувреме. Хет-трик запиша Љоренте, два гола постигна репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Серж Аурие, а по еден гол постигнаа Хеунг Мин и Хари Кејн.

 

Останатите натпревари од 3. коло во ФА купот се на програмата викендов.

Се вчитува...