Тотенхем едвај со Фулам, Евертон се мачеше со ВБА… (ВИДЕО)

Тотенхем едвај дојде до нова победа во Премиерлигата, славејќи минимално со 0-1 на гостувањето против Фулам во 27. коло.

Тимот на Жозе Мурињо до триумфот дојде благодарение на автоголот на Адарибиохо уште во 19. минута од натпреварот.

Во 62. минута се чини неоправдано, по ВАР-консултација, беше поништен чист погодок на Фулам…

И Евертон се мачеше, славејќи исто така минимално со 0-1 против претпоследнопласираниот тим во лигата, Вест Бромвич Албион. Стрелец на победничкиот гол беше Ричарлисон во 65. минута.


Се вчитува...