Тотенхем ги шокираше навивачите: Хари Кејн тешко повреден!

Тотенхем ги шокираше своите навивачи со информацијата попладнево дека нивната прва ѕвезда Хари Кејн е тешко повреден.

Кејн во еден момент на неделниот дуел против Манчестер јунајтед остана да лежи на тревата, но по укажаната помош сепак собра сили да го заврши дуелот. По деталните прегледи сега следи информацијата дека ќе мора да паузира подолго време поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб.

„По прелиминарните проценки може да потврдиме дека Хари Кејн ги оштети лигаментите на левиот зглоб за време на натпреварот во неделата. Тој и натаму ќе биде под медицински надзор додека не почне рехабилитацијата, а очекуваме на терен да биде во март“ – соопштија од редовите на Тотенхем.

 

Тоа значи дека Кејн сосема извесно ќе ги пропушти двата натпревари против Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...