Тотенхем го прегази и Бурнемаут

Тотенхем ја продолжи победничката серија во Премиер – лигата, совладувајќи го Бурнемаут на „Вајт харт лејн“ со убедливи 4-0. Со тоа „спарси“ повторно се доближија на четири бода негатива до лидерот Челси, кој утре му гостува на Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“.

Дембеле го отвори резултатот во 16.минута, а три минути подоцна Сон зголеми на 2-0. Беше јасно дека Тотенхем ќе го оствари својот план.

На почетокот на вториот дел, Хари Кејн го постигна третиот гол за домаќинот, а серијата ја затвори Јансен во судиското продолжение од средбата.

All Goals & highlights – Tottenham 4-0… by goalsarena2017

Се вчитува...