Тотенхем го „тресна“ Челси на „Стемфорд бриџ“ и го откажа од надежите за ЛШ

Тотенхем по цели 28 години успеа да слави на „Стемфорд бриџ“, победувајќи го Челси со 1-3. По овој пораз, Челси и дефинитивно потклекнува во трката за пласман во Лигата на шампионите, останувајќи на петтата позиција со 56 бода, дури осум помалку од Тотенхем кој е на четвртото место.

Алваро Мората го доведе Челси во водство во 30.минута, но и тоа не беше доволно за неговиот тим да слави на ова дерби. Кристијан Ериксен успеа да израмни со одличен погодок во последните моменти од првиот дел, а во продолжението блесна Деле Али и со два гола го фрли Челси на колена.

Standings provided by Sofascore LiveScore

 

 

Се вчитува...