Тотенхем ита кон врвот во Лига Европа откако во 7. коло славеше на гостувањето против Хофенхајм со 2-3. Андерлехт, пак, го доживеа првиот пораз во европското натпреварување, и тоа на гостувањето од Викторија Плзен со 2-0.
Тотенхем по само 20 минути игра веќе имаше предност од 0-2 против Германците, по головите на Медисон и Сон Хјунг Мин, кој со својот погодок во 77. минута потоа донесе и предност од 1-3 за тимот од Лондон. Домашните со голот на Нтусу во 88. минута само го ублажија поразот за конечни 2-3.
Рома доживеа минимален пораз на гостувањето против Аз Алкмар и тоа со голот на Парот во 80. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – ЛИГА ЕВРОПА (7. коло)
Аз Алкмар – Рома 1-0
Бодо Глимт – Макаби Тел Авив 3-1
Фенербахче – Лион 0-0
Хофенхајм – Тотенхем 2-3
Малме – Твенте 2-3
Порто – Олимпијакос 0-1
Карабах – ФЦСБ 2-3
Викторија Плзен – Андерлехт 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА