Тотенхем ја одреди цената за Хари Кејн!

Хари Кејн иако долги години е еден од најдобрите напаѓачи во светот и покрај големиот број на голови кои ги постигнува се уште не може да освои трофеј со Тотенхем. Англичанецот размислува да замине, а лондонскиот тим веќе ја одредил цената за него.

Верувале или не доколку некој од европските гиганти сака да го откупи договорот на Кејн, ќе мора на Тотенхем да му исплати неверојатни 200 милиони фунти. Сепак, оваа сума е малку и нереална бидејќи сите клубови се загрозени од пандемијата од коронавирусот па во моментов скоро никој не може да ја дозволи оваа цена.

Кејн е член на Тотенхем од 2011 година, а актуелниот договор со Тотенхем му важи до 2024 година.

Се вчитува...