Претходниот договор со 28-годишниот Уругваец беше важечки до јуни 2026 година. Рокот на новиот не беше прецизиран, само се наведува дека е долгорочен.
„Се чувствувам многу добро и среќен сум што ја продолжувам мојата приказна во овој прекрасен клуб. Моето семејство е среќно. Имам прекрасни пријатели и соиграчи кои работат напорно секој ден. Го сакам овој клуб и се чувствувам многу добро тука. Освојувањето на Лигата на Европа беше фантастичен момент и сакаме да го продолжиме овој успех и да освоиме уште повеќе трофеи. Имаме нов главен тренер, нов капитен и сакам да поминам уште многу години во клубот“, рече играчот од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

