Тотенхем со два голa по само 30 минути си ја реши победата над Саутемптон

Тотенхем повторно се зацврсти на втората позиција во Премиер лигата откако во 29. коло славеше со 2-1 против Саутемптон во Лондон.

Иако опстојуваше неизвесност до последните минути, откако гостите дојдоа до погодок во второто полувреме, Тотенхем трите бода си ги реши со два гола по првите 30 минути игра. Најпрво Ериксен во 14. минута донесе предност од 1-0, а потоа во 33. минута Деле Али зголеми на 2-0.

Во вториот дел Џејмс Вард-Проус во 52. минута успеа да постигне само почесен гол за Саутемптон.

All & Goals & Highlights HD – Tottenham 2-1… by LiveGoalsTV

Тотенхем сега со 59 бода е осамен на втората позиција, со десет бода заостанување зад Челси. Манчестер сити, кој својот натпревар против Ливерпул од ова коло го игра од 17:30 часот, има 56 бода.

Се вчитува...